[ФОТО/ВИДЕО] Вереницата на Кристијано Роналдо ги маѓепса сите на гламурозната вечера во куќата на Трамп – кога се свртела сите останале без здив

Точка

20/11/2025

08:09

2.884

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез, вереницата на Кристијано Роналдо, заблескала во куќата на Доналд Трамп на свечената вечера на која пристигнала во придружба на својот сакан.

Иако фотографии од самиот настан нема многу, сепак имало доволно за да се види како Џорџина се облекла.

31-годишната Родригез била едно од бројните познати лица на вечерата кај американскиoт претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Вечерата била организирана за да се угости саудискиот принц Мохамед бин Салман во текот на неговата турнеја по Америка. Родената Аргентинка избрала да носи комбинација која сите ги оставила без зборови.

На исто место со челниците на технолошкиот свет

Гламурозниот пар бил виден како позира со технолошките могули, вклучувајќи ги и Илон Mаск и Грег Брокман. Ова патување го означило првото појавување на Роналдо во САД од 2017 година.

Роналдо за светскиот мир и состанокот со Трамп

Роналдо неодамна во поткаст со Пирс Морган рекол дека се надева дека Трамп ќе може да направи напредок кон светскиот мир.

„Доколку светот е во мир, тоа е наша цел“, изјавил Роналдо додавајќи дека смета дека Трамп е „една од личностите која може да го промени светот.

„И, тоа е моја главна цел: да се сретнам со Трамп и да разговарам за мирот во светот“, додал Роналдо.

Модни комбинации и угледни гости

Првата дама Меланија Трамп носела смарагден фустан вреден 3.350 долари каде пристигнала во придружба на својот сопруг.

Меѓу останатите позначајни имиња кои присуствувале бил потпретседателот Џеј Ди Венс, извршниот директор на „Apple“ Тим Кук и извршниот директор на „Dell Technologies“ Мајкл Дел.


Љубов која трае речиси деценија

Џорџина и Роналдо се заедно девет години, имаат пет деца, а се вериле минатото лето.

Роналдо во спомнатото интервју изјавил дека донел добра одлука кога ја прашал Џорџина да се венча за него.

„Секогаш говорам дека добрите работи се случуваат во вистинско време. Не сакав да брзам со нешто толку важно. Ми требаше време да сфатам дека некои грешки не треба да ги повторувам, а сега знам дека ова беше вистинскиот момент“, изјавил Роналдо.