Бастони со интересен став: НБА е пример за тоа како треба да се доживуваат поразите

Дерби

21/11/2025

11:17

226

Големина на фонт

а а а

Алесандро Бастони е еден од најважните играчи во редовите на Интер, а деновиве е актуелен во медиумите поради една изјава поврзана со менталитетот и навиките на италијанските фанови.

Дефанзивецот смета дека поразите се сфаќаат премногу трагично, а тоа го зголемува притисокот и тензијата и кај фудбалерите и во клубовите. Како позитивен пример за тоа каква спортска култура треба да се негува, Бастони ја посочил НБА лигата.

– Ја сум голем фан на НБА, а она што најмногу ме воодушевува е начинот на кој таму се доживуваат и прифаќаат поразите.

– Во нашиот фудбал, секој пораз е како крај на светот, а тоа посебно важи за менталитетот во Италија.

– Кога играте толку натпревари, нормално е некогаш и да загубите, не можете секогаш да одиграте на посакуваното ниво, – рекол Бастони.