Данска легенда ги предупреди фановите пред плејофот со Македонија: Селекторот ни е голема катастрофа

Дерби

21/11/2025

10:54

300

Големина на фонт

а а а

Фудбалската репрезентација на Данска остана без директен пласман на СП 2026 и сега ќе мора да оствари уште две победи ако сака да се најде меѓу учесниците на мундијалот.

Ждрепката одлучи дека Скандинавците прво ќе треба да се соочат со Македонија во Копенхаген, а голем дел од фановите се загрижени поради последните настапи и начинот на кој игра националниот тим под водство на селекторот Брајан Ример.

Данската легенда Томас Гравесен не штедел критики на адреса на Ример, предупредувајќи ја данската јавност дека нема да биде изненадување ако се случи уште поголема катастрофа наредниот период.

– Пристапот на Ример на последните два натпревара беше катастрофален, ги потцени противниците и постави целосно погрешни состави на теренот.

– За мене, Ример е голема катастрофа и целосно промашување, потфрли по сите параметри. Данска го покажа своето најлошо лице под негово водство и мојата оценка е дека ова е катастрофа со магнитуда каква немам видено досега, – рекол Гравесен, кој во својата кариера го носеше и дресот на Реал Мадрид.