Аргентинската фудбалска асоцијација неочекувано реши да прогласи национален шампион за 2025 година и тој трофеј изненадувачки заврши кај екипата на Розарио Централ.
Ветеранот Анхел Ди Марија и неговите соиграчи се прогласени за аргентински шампиони за 2025 година, нешто што е невообичаено бидејќи форматот на аргентинската прва лига подразбира прваци на апертура и клаусура деловите од шампионатот.
Раководството на лигата и асоцијацијата донеле одлука во иднина да биде прогласуван и календарски шампион, па Розарио стигна до ваков примат бидејќи има освоено најмногу бодови во текот на актуелната година.
Со оваа промена, годишната табела ќе одлучува и за пласманот во Либертадорес купот, како и за екипите кои ќе го загубат прволигашкиот статус.
Платенсе е екипата која годинава ја освои титулата во Апертура делот, додека наскоро започнува плејофот во Клаусура делот од првенството.
¡CENTRAL CAMPEÓN DE LA LIGA 2025! ¡SOMOS EL MEJOR EQUIPO DEL AÑO! 💛💙🏆 pic.twitter.com/7RbY1wcKZ3
— Rosario Central (@RosarioCentral) November 20, 2025







