Макси со личен рекорд ја потопи Филаделфија, Сан Антонио победува и без Вембањама

Дерби

21/11/2025

10:45

131

Големина на фонт

а а а

Милвоки и Филаделфија играа продолжение во кое издоминира гостинската екипа, а Тајрис Макси стигна до 54 поени во натпреварот на кој победи нивниот тим.

Расположениот Макси постигна личен рекорд со реализаторскиот ефект, а додаде и 9 асистенции и 5 скокови на овој натпревар, целосно покривајќи го отсуството на Ембид.

Милвоки се бореше жестоко без Јанис Адетокумбо, додека најефикасен беше Ролинс со 32 поени.

Орландо ја продлабочи кризата на Лос Анџелес Клиперс со убедлива победа на домашен терен, а Сан Антонио оствари уште една победа без повредениот Вембањама во ростерот.

Орландо – Л.А Клиперс 129:101

Мемфис – Сакраменто 137:96

Милвоки – Филаделфија 114:123

Сан Антонио – Атланта 135:126