Поранешна ѕвезда на Сити стави крај на кариерата: Веќе немам мотивација

Дерби

21/11/2025

10:43

149

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот фудбалер Фернандињо остави сериозна трага на европската фудбалска сцена со настапите за Шахтјор и посебно Манчестер Сити, а сега потврдил дека става крај на професионалната кариера.

Дефанзивниот играч за врска се повлекува на 40-годишна возраст и во моментите кога е без ангажман, а информацијата ја потврдил на хуманитарен натпревар на кој настапил деновиве.

Фернандињо последно настапуваше за матичниот клуб Атлетико Параненсе и рекол дека не планира да бара нов клуб.

– Уморен сум, а денеска не трчав ни 30 минути. Веќе немам мотивација во фудбалот, освоив се што посакував. Време е да му се посветам на семејството, – рекол Фернандињо.

Бразилецот настапуваше за Сити од 2013 до 2022 година и освои дури пет премиерлигашки титули.