Флоријан Вирц прикажа далеку подобри изданија во дресот на Германија и посебно воодушеви со две асистенции на клучниот меч против Словачка, издание со кое потсети на својата најдобра верзија од Баер Леверкузен.
Во последно време, германската ѕвезда навикна на критики во Англија поради ужасниот учинок и лош старт кој го има во Премиер лигата, а додека англиските медиуми пронаоѓаат забелешки за неговата адаптација, германските решија да застанат во одбрана на својот пулен.
Угледниот „Билд“ излезе со ексклузивен текст во кој го посочи виновникот за слабата форма на Вирц на клупски план, а според познатиот медиум тоа не Арне Слот, туку Мохамед Салах.
„Билд“ во својата вест потенцира дека себичниот Салах делува како „кочница“ за Вирц во Ливерпул, при што посочи дека напаѓачот дури во четири наврати не му додал топка на Флоријан во ситуација кога тој бил осамен да даде гол во шеснаесетникот.
– При негатива од 3:0 од Манчестер Сити, Салах се затрча кон голот, а наместо да додаде до слободниот и подобро поставениот Вирц, тој шутна и не погоди. Тој потег само го потврдува она за кое се шушка веќе некое време, а тоа е себичноста на Салах. Тој станува се поголем проблем за Ливерпул и Вирц и тоа е очигледно.
– Само оваа сезона можеше да намести четири гола за Вирц, но не намести ниту еден. Во Лигата на шампионите против Франкфурт, во дербито против Манчестер Јунајтед, на мечот против Реал Мадрид, а последно против Сити на „Итихад“, – пишува во текстот на „Билд“.







