Куртоа ги издвои тројцата најдобри голмани на светот

Дерби

21/11/2025

10:40

163

Големина на фонт

а а а

Тибо Куртоа со години е еден од најдобрите, а за многумина и најдобар голман на светот, ас кој е гаранција за сигурност, квалитет меѓу стативите.

Токму поради него Реал Мадрид има добиено многу клучни натпревари, натпревари со кои е отворен патот до титули во различни конкуренции. Тој со Белгија не успеа ова да го направи, меѓута и тука секогаш бил на највисоко ниво и тоа во изминативе 10-15 години што е потврда за континуитет и врвен квалитет.

Меѓутоа како Куртоа гледа на колегите и кои според него се оние кои најмногу се истакнуваат, прашање на кое одговори за шпанското радио „Копе“ каде издвои три имиња.

- Моментално… Јан Облак игра на многу високо ниво оваа година. Навистина ми се допаѓа Алисон, иако е повреден. Исто така, многу ми се допаѓа и Давид Раја, - истакна Тибо кој запрашан за тоа зошто го стави Раја пред шпанската „единица“ Унаи Симон, тој порача:

- Арсенал има одлична сезона, прими многу малку голови, а Раја веќе имаше одлична сезона минатата година. Кажувајќи го ова, Симон е исто така одличен голман, тој игра неверојатно добро со репрезентацијата и заслужува да продолжи да игра.

- Тоа е фудбал и конкуренција. Мислам дека Луис де ла Фуенте се одлучил и Раја ќе мора да почека за својата шанса. Но, тоа е здрава конкуренција, особено на голот, бидејќи ако примите два гола, менаџерот не може да се двоуми и секогаш е потешко да се замени еден од нив, - заврши Белгиецот.