Почина авторот на мангата Super Mario Bros – Казуки Мотојама

Точка

18/11/2025

14:48

467

Големина на фонт

а а а

Казуки Мотојама, автор и илустратор на „Kodansha“ инспирирана од "Super Mario Bros.Manga", почина на 69-годишна возраст. Веста ја потврди неговата сестра, Риса Мотојама, на својот официјален профил на "Instagram".

Иако точниот датум на смрт не е наведен, според времето на објавата се претпоставува дека Мотојама починал во текот на октомври. Информацијата брзо се прошири на социјалните мрежи откако еден вирален пост на платформата „X“ (поранешен Twitter) го привлече вниманието на јавноста. Објавата ја сподели и официјалниот „Super Mario Wiki“ профил со речиси 16.000 следбеници.


Реакции по објавата

„Не знаев дека господинот Казуки Мотојама, кој ги црташе "Mario" стриповите за "Bonbon", починал“, стоеше во виралната објава. „Пред околу 20 години го најдов вториот том од мангата ’Yoshi’s Island‘ во половна книжарница и оттогаш ја собрав целата серија. Го обожував неговото страсно, динамично раскажување. Искрено сочувство и нека му е лесна земјата.“

Риса Мотојама, која и самата е авторка и илустраторка на мангата "Start With a Happy Ending", емотивно се огласи по смртта на брат ѝ:

„Мојот брат почина. Ви благодарам на сите што му помагавте за време на неговиот живот. Се извинуваме ако сме предизвикале грижа. Ќе се вратам на "YouTube" кога ќе се соземам малку. Ви благодарам за трпението.“


Придонесот на Мотојама во "Super Mario" франшизата

Од 1988 до 1998 година, Казуки Мотојама работеше на официјалните стрипови, илустрации и "game-guides" поврзани со серијалот "Super Mario Bros", објавени во рамките на магазинот "Comic BomBom" на „Kodansha“. Неговиот стил беше препознатлив по самоироничниот хумор, референци кон јапонската поп култура и духовити, понекогаш невнимателни шеги – типични за мангата од тој период.

Изданијата на Мотојама ретко имаа единствен наслов – најчесто го носеа името на актуелната „Nintendo“ игра, како "Super Mario Bros. 3" или "Super Mario 64". Последните томови беа инспирирани од "N64"-играта "Yoshi’s Story" од 1997 година, по што „Kodansha“ ја изгуби лиценцата за "Super Mario".

Со неговата смрт, манга-заедницата и фановите на "Super Mario" губат уште еден автор чија работа остави траен белег врз цела генерација читатели.