„Tetris“ на ѕидна ламба од „IKEA“? И тоа е можно

Точка

09/03/2026

22:01

220

Големина на фонт

а а а

Иако веројатно никој не го ни замислувал тоа, ѕидната ламба „Obegränsad“ од „IKEA“ е претворена во игрива верзија на „Tetris“, благодарение на проект на еден технолошки ентузијаст.

Ѕидната ламба „Obegränsad“ од „IKEA“ е претворена во игрива верзија на „Tetris“, благодарение на проектот на технолошкиот ентузијаст Макс Голдберг. Со вградување на микроконтролер „ESP32“ и прилагодување на софтверот, LED матрицата на ламбата е претворена во интерактивен екран за една од најпознатите „puzzle“ игри.

Имено, оваа ламба во себе крие LED матрица со резолуција 16 × 16, која првично е наменета за прикажување неколку едноставни и различни светлосни шеми. Голдберг го искористил распоредот на LED диодите за да го активира „Tetris“ на неа, при што играта морал да ја приспособи на нешто помалиот простор.

Сепак, и покрај тоа, играта задржува бројни модерни механики. Така, на пример, има „Super Rotation System“ за ротирање на блоковите, потоа „ghost“ блокови кои покажуваат каде ќе падне одреден блок, како и систем „7-bag“ за рамномерна распределба на тетромино формите. Имплементирани се и функции како „Delayed Auto Shift“ и „Auto Repeat Rate“ за помазно поместување на блоковите, како и систем за одложено заклучување што спречува бесконечно поместување на блоковите по дното на играчкото поле.

Сè се контролира преку безжичен контролер, при што блоковите се поместуваат со помош на „D-pad“. Дополнително, нова функција добила и страничната копче на ламбата: краток притисок ја става ламбата во режим на мирување или повторно ја активира, додека држење на копчето пет секунди го активира поврзувањето на контролерот преку „Bluetooth“.

Доколку контролерот не е поврзан, ламбата автоматски преминува во таканаречен „autoplay art mode“, во кој „ESP32“ се обидува самостојно да игра „Tetris“ на целата LED матрица, претворајќи ја ламбата во интересна светлосна инсталација.

Изворниот код на проектот е објавен на „GitHub“, што значи дека заинтересираните можат да го преземат, да го надградат или да го искористат како основа за сопствени проекти базирани на LED матрици и микроконтролерот „ESP32“. Како функционира сето тоа, погледнете во краткото видео на „YouTube“ што го приложуваме.