[ВИДЕО] Нуклеарен физичар откри колку бомби би биле потребни за да се уништи целиот свет

Точка

04/03/2026

17:33

841

Големина на фонт

а а а

Холивудските блокбастери често ја прикажуваат нуклеарната војна како катастрофа во која целата планета се распаѓа на парчиња. Но американскиот нуклеарен инженер Тајлер Флосе во својата анализа на „Instagram“, објавена минатиот месец, тврди дека реалноста е значително поинаква – иако не помалку фасцинантна.

Тој истакнува дека во светот моментално има околу 12.500 нуклеарни боеви глави, но нагласува дека самиот број не е толку пресуден колку што се важни нивната моќ, прецизност и начинот на испорака. Фолсе повлекува јасна граница меѓу два поима што јавноста често ги меша: уништување на цивилизацијата и физичко уништување на самата планета Земја.

Според неговите пресметки, овие две категории се разликуваат за неверојатни десет реда на големина, што значи дека за вистинско распарчување на Земјата како небесно тело би била потребна енергија која човештвото едноставно не ја поседува. Физичката пречка за целосно уништување на планетата лежи во таканаречената гравитациска енергија на врзување – силата што ја држи целата маса на Земјата на едно место, а која изнесува приближно 1032 џули (односно околу 100 квинтилиони џули).


Колапс на земјоделството и масовен глад

Меѓутоа, целиот светски нуклеарен арсенал создава „само“ околу 101⁹ џули енергија (околу 10 трилиони џули), што е занемарливо во споредба со енергијата на астероидот што ги уништил диносаурусите. Тој удар, иако бил десет милиони пати посилен од сите наши бомби заедно, не успеал целосно да ја стерилизира планетата, а камоли да ја уништи.

Фолсе објаснува дека дури и во сценарио во кое би се активирале сите 5.000 до 10.000 модерни нуклеарни бомби, Земјата и понатаму би постоела како планета, а животот веројатно би нашол начин да преживее преку микроорганизми, длабокоморски суштества и бактерии кои живеат длабоко под површината.

Кога станува збор за „крајот на светот каков што го познаваме“, инженерот се осврнува на теориите за нуклеарна зима, нагласувајќи дека проценките според кои само 100 бомби фрлени врз големи градови би можеле да предизвикаат глобален глад и затемнување на сонцето всушност се шпекулативни и во голема мера зависат од огнените бури и временските услови.


Наместо целосен мрак, поверојатно е дека би дошло до намалување на сончевата светлина, што би предизвикало колапс на земјоделството и масовен глад. Сепак, Фолсе смета дека ни тоа не би значело нужно истребување на секој човек на планетата.

Неговата завршна мисла нуди трезнење од филмската фикција:

Земјата е неуништлива карпа што нашите најстрашни изуми не можат да ја поместат од своето место, но ние сме тие што сме кревки и чиј опстанок зависи од одржувањето на мирот – бидејќи додека планетата ќе преживее секоја наша грешка, нашата цивилизација многу веројатно не би успеала.