[ВИДЕО] Морничава сличност со ликот кој го толкува во серијата: Познатиот актер призна дека има рак и се бори за живот

Точка

17/11/2025

12:59

1.270

Големина на фонт

а а а

Актерот Џејмс Пикенс Џуниор, кој веќе повеќе од две децении е дел од серијата „Grey's Anatomy“ и кој фановите го знаат како докторот Ричард Вебер, отворено говорел за својата здравствена борба која страшно потсетува на приказната на неговиот лик.

Кога Пикенс ја открил својата дијагноза, веста веднаш добила надреален призвук — не само што глумецот се соочува со болеста во реалниот живот, туку неговиот лик поминува низ речиси идентична ситуација во серијата.

Пикенс, кој сега има 73 години, открил дека ракот на простата длабоко е вкоренет во неговата фамилијарна историја. Неговиот татко, неколку вујковци, па дури и братучедот од тетка, кој има 90 години, биле погодени од оваа болест.


Во едно интервју тој признал дека заради тоа бил поподготвен од повеќето да се соочи со истата дијагноза.

Исто така, објаснил дека редовните превентивни прегледи веројатно му го спасиле животот. Непрекинато оди на годишни систематски прегледи повеќе од триесет години, а тестирањето на PSA го започнал со 41 година.

Според неговите зборови, лекарите му рекле дека токму таа упорност била пресудна.

Пикенс во јануари дознал дека има тумор на простатата. Ракот уште не се проширил, па лекарите му препорачале простектомија, хируршко отстранување на простатата. Актерот се согласил со операцијата и нагласил дека навремената реакција била клучна.

Открил и дека има ретка варијанта на рак на простатата. Неговиот медицински тим сакал да преземе дополнителни мерки на претпазливост токму затоа што формата на болеста е необична, иако била откриена во многу рана фаза.


Интересно е што вистинската дијагноза на глумецот се совпаѓа со тековната случка во серијата, па приказната за Ричард Вебер добила дополнителна емотивна тежина. Додека гледачите ги следат неговите преиспитувања и стравови, Пикенс веќе поминал низ првите чекори од истата битка.

Искреноста на актерот донела нова димензија на неговата кариера. По 22 сезони во серија која се занимава со медицински драми, сега ја користи својата платформа за да проговори за една вистинска.