Најопасно животно во светот: Годишно убива повеќе од 700.000 луѓе, а живее и кај нас

Точка

15/11/2025

19:14

2.617

Големина на фонт

а а а

Иако многумина би помислиле дека ајкулите или лавовите се најопасни, д-р Ентони Фаучи, поранешен директор на Националниот институт за алергии и заразни болести на САД, истакнал дека тоа е заблуда.

Имено според Светската здравствена организација (СЗО), комарците се одговорни за смртта на повеќе од 700.000 луѓе годишно, што ги прави најсмртоносни животни во светот.

Како комарците убиваат и колку се опасни?

Во интервју за „Њујорк тајмс“, д-р Фаучи го споделил и своето морничаво лично искуство со вирусот Западен Нил, со кој се заразил во текот на летото во својот двор во Вашингтон.


Тој опишал чувство на екстремен замор и исцрпеност, кое се влошувало и влошувало, сè додека не завршил во болница. Таму поминал пет и пол дена и рекол дека никогаш во животот не се чувствувал толку болен.

Иако лекарите првично се сомневале на сепса, крвните тестови потврдиле присуство на вирусот Западен Нил. Во околу 80% од случаите, инфекцијата поминува без симптоми, но Фаучи бил меѓу оние кои сериозно се разболеле пренесе metropolitan.si.

Симптоми и сериозност на болеста

Вирусот Западен Нил може да предизвика:

краткорочно покачена температура,

лоша општа состојба, главоболка, болки во мускулите и зглобовите,

осип и треска.


Околу 1 од 150 заболени развиваат потешка форма на болеста која го зафаќа централниот нервен систем, што може да предизвика:

намалена свест,

конвулзии,

невролошки нарушувања и моторни проблеми.

Д-р Фаучи рекол дека без помош на неговата сопруга и ќерка, не можел да станува од кревет и понекогаш бил дезориентиран, заборавајќи едноставни зборови и поставувајќи прашања на кои ги знаел одговорите.


Вирусот Западен Нил сè повеќе станува закана за јавното здравје, со пријавени инфекции во 46 американски држави. Овој пример покажува колку малите комарци можат да предизвикаат големи проблеми, иако изгледаат безопасни.

Со оглед на тоа што комарците живеат и кај нас претпазливоста никогаш не е на одмет.