[ФОТО] Никој како неа: Најубавата кралица повторно го има модното парче на сезоната

Точка

15/11/2025

17:08

1.073

Големина на фонт

а а а

Службената посета на Кина кралицата Летиција ја искористи за уште еднаш да ја демонстрира својата модна сила.

Шпанската кралица Летиција и нејзиниот сопруг, кралот Фелипе, имаа службена посета на Кина која привлече големо внимание на модните портали – секако, поради изданијата на убавата кралица која, изгледа, никогаш нема да престане да воодушевува.


И додека сме навикнати да ја гледаме во совршени фустани, елегантни костими и гламурозни изданија, сега покажа и како изгледа најдобриот зимски аутфит. Главната ѕвезда овојпат беше капутот.

Кралицата се одлучи за сив капут со цветен дезен, а како што пишува „Harper’s Bazaar“, станува збор за креација од нејзиниот омилен бренд „Carolina Herrera“, чија цена изнесува 5.990 долари и веќе е распродадена.


Се работи за модел во А-крој со нагласени раменици, но и појас кој го истакнува струкот. Летиција сè заокружила со едноставни ниски потпетици во нежно розова боја. Инаку, веќе подолго време кралицата не се откажува од пониски потпетици – освен што се удобни, тие покажаа и дека се совршено решение за дополнителна елеганција.

Многумина се согласија дека токму овој е најубавиот капут на сезоната, а и не е чудно што го носи токму кралицата Летиција, која одамна е позната како личност што поставува нови модни трендови.