Гатузо распали по мундијалскиот систем: Не е фер да играме бараж

Дерби

14/11/2025

11:58

691

Големина на фонт

а а а

Италија забележа шест победи во низа по тешкиот пораз кој го претрпе од Норвешка во Осло на стартот на квалификациите, но 18-те освоени бода и одличната гол-разлика сепак не се доволни за директен пласман на Светско првенство.

Причина за тоа е неверојатната гол разлика која ја има Норвешка и која всушност прави реваншот во Италија да нема големо значење, па во период кога се поизвесно е дека пред „аѕурите“ е нов бараж за пласман на мундијал, Џенаро Гатузо повторно распали по системот на квалификации кои се почна да се применува во Европа.

Порано две селекции до секоја група имаа загарантиран настап на Светското првенство, но според новите пропорции, сигурен билет за мундијал има само првата репрезентација, што во случајот ќе биде Норвешка.

– Имаме шест победи, 18 бодови и гол разлика од +12, но нема да се пласираме директно на Светско првенство. Тоа е прашање кое не треба да го одговарам јас, туку некој друг. Тоа прашање треба да се постави на луѓето кои ги одредуваат правилата во квалифкациите. Во 1994-та година имаше само два африкански тима на мундијалот, а сега треба да бидат повеќе и таа бројка само се зголемува.

– Во мое време, најдобриот тим од секоја група одеше директно на главниот турнир, заедно со второпласираниот тим. Имаме 18 поени, победивме шест пати во низа, но повторно ќе треба да одиме по потешкиот пат. Не чекаат два бараж натпревари и смета дека тоа не е фер, – изјави Гатузо.