Хари Кејн игра во животна форма и тоа го презентира од коло во коло во Германија, но истото важи и со настапите кои ги има за англиската репрезентација.
Капитенот на националниот тим изминатава вечер не се запиша во листата на стрелците против Србија, но одново беше многу важен во играта на домаќините, а покажа и како треба да се жртвува еден играч кој игра во нападот.
Кејн со настапите во Баерн покажа дека знае како да се снајде и како креатор, но и како коректор во одбрана, а вчера режираше и импресивен лизгачки старт за дефанзивни цели.
Напаѓачот на Англија нема проблеми да им помага на своите соиграчи во одбрана, а тоа го покажа со перфектен старт со кој спречи опасен напад на гостите.
– Кејн игра во животна форма. Неговиот став, неговата работна етика, неговиот квалитет и завршницата на акциите се надвор од овој свет. тој е надвор од контрола и надвор од овој свет, – изјави селекторот Томас Тухел.
Видеото погледнете го ТУКА.







