Марканен залудно го полнеше кошот на Атланта, Феникс ја размонтира Индијана

Дерби

14/11/2025

11:28

139

Големина на фонт

а а а

Програмата во НБА лигата беше прилично скромна рано утрово и донесе само три натпревари, а на истите како поуспешни испаднаа гостинските екипи.

Торонто и Атланта си заминаа со победи од Кливленд и Јута, па во неатративната кошаркарска вечер, домашниот терен го одбрани само екипата на Феникс.

„Соколите“ ја продолжија победничката серија и стигнаа до четврти триумф во низа на гостувањето кај Јута, а за домаќините недоволна беше и импресивната партија на Лаури Марканен.

Финецот беше во елемент и постигна 40 поени на натпреварот, но на крајот тоа испадна како залуден учинок бидејќи неговиот тим загуби со 122:132.

Тимскта игра на Хокси дојде до израз и дури шест кошаркари го завршија мечот со двоцифрен број на поени, од кои најефикасни беа Оконгву со 32 и Џонсон со 31 поен.

Гостинска победа оствари и Торонто на Рајаковиќ кој го освои Кливленд со 113:126, додека Феникс на домашен терен ја размонтира Индијана со 133:98.

Букер блескаше со 33 поени, 5 скокови и 7 асистенции, а импресивно издание имаше и Брукс со 32 поени.