Костадинов: Знаеме што нѐ чека и за што ќе играме во Кардиф

Дерби

14/11/2025

11:26

140

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја совлада Летонија во средбата која беше завршен предизвик пред клучната битка со Велс во Кардиф во квалификациите за Светското првенство.

Нашите фудбалери иако важеа за фаворити, не го оправдаа тој статус меѓутоа во исто време се уверени дека ќе бидат на посакуваното ниво на 18 ноември против Велшаните.

- Сакавме победа, но не успеавме. Ни недостасуваше погодок, имавме свои шанси, но голманот на Летонија се покажа одлично со неколку клучни интервенции. Позитивното е тоа што повторно ја сочувавме својата мрежа. Денешниот фудбал веќе е таков — сите екипи се цврсти и агресивни. Во Велс тоа може да биде уште поинтензивно, па мора да бидеме подготвени. Знаеме што нѐ чека и за што играме, ќе се потрудиме максимално да се подготвиме за она што ни следи во Кардиф, - изјави Тихомир Костадинов.