Луис Рубиалес доби статус на контроверзна фудбалска личност по крајот на Светското првенство за жени во 2023-та година, кога тогаш како претседател на шпанскиот сојуз реши да ја бакне Јени Ермосо.
Иако тоа изгледаше како чин кој е направен во моменти на спортска среќа, Ермосо потоа го обвини Рубиалес за несоодветниот потег и првиот човек на Федерацијата остана без работа, а две години подоцна, дочека момент да биде гаѓан со јајца од свој близок роднина.
Имено, Рубиалес во текот на вчерашниот ден имал промоција на својата книга, но за време на настанот, еден човек од публиката почнал да го гаѓа со јајца.
Луис со брза реакција успеал да ги избегне сите три обиди на напаѓачот, кој инаку бил негов чичко, помал брат на неговиот татко.
– Станува збор за мојот чичко, тој отсекогаш бил конфликтна личност и сега го покажа тоа на дело, – им потврдил Рубиалес на присутните новинари.
Igual es el mejor vídeo de los últimos 4/5 años:
— Juanca. (@Nanosecso) November 13, 2025
- Rubiales presenta un libro (?)
- Irrumpe un energúmeno y le tira 3 huevos.
- Rubiales esquiva con 360 incluido
- El loco es su tío jjdjfjf
- Bertrand Ndongo aparece (surrealista) y se lleva al locopic.twitter.com/6NQH4KcHvJ







