Халанд со капитенски потег ги воодушевил соиграчите од Норвешка: Добра изведба од нашиот лидер

Дерби

14/11/2025

11:23

170

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд продолжи да ги полни мрежите и вчера постигна два гола за својата репрезентација во победата над Естонија (4:1), а со тоа практично беше потврден пласманот на Норвежаните на Светското првенство.

По пауза од 28 години, Норвешка ќе ја гледаме на еден фудбалски мундијал, а причина за тоа е импресивната форма, но уште поимпресивната гол статистика која прави Италија да нема никакви реални шанси пред пресметката која ја имаат овие две селекции во завршното коло од квалификациите.

Халанд со своите два погодоци ја потврди победата од 4:1 и стигна до 30-от гол во сезоната уште во месец ноември, а поради големиот успех кој го оствари со соиграчите на колективно ниво, решил да ги почести истите со јадење кое обично не е на неговото мени.

Ерлинг со строга диета се одржува во неверојатно добра физичка форма, но по победата над Естонија решил да се опушти и ги почестил соиграчите со 70 чизбургери за целата експедиција.

– Добра изведба од нашиот капитен, – порача Санд Берге за потегот на напаѓачот.