Ариго Саки е големо име од италијанската фудбалска историја, човек кој најголемите успеси ги направи како предводник на Милан каде освои доста трофеи на домашната и меѓународната сцена.
Тој беше и селектор на Италија, го водеше и Атлетико Мадрид, Парма во некои други времиња, поточно има биографија која тежи и која го става на пиедесталот. Саки ја тера 80 година од животот, но и понатаму ужива, го прати и сака фудбалот, па од негов агол ја издвои екипата која според него го игра најубавиот, најтрактивниот фудбал на Апенините.
- Доколку некој странски турист, вистински љубител на прекрасниот фудбал, ме праша кој тим да одам да го гледам во Италија, нема да имам никакви сомнежи: Болоња, предводена од Винченцо Италијано.
- Во моментов, тие се убедливо тимот што игра најдобар фудбал, а уште поимпресивно е што го прават тоа по сезона во која го освоија Купот на Италија, ги воодушевија сите и лесно можеа да паднат во стапицата на самодоволството. Го следам Италијано уште од неговите денови на клупата на Специја. Дури и го препорачав на Сасуоло пред години, но ништо не произлезе од тоа. Потоа Винченцо отиде во Фиорентина, каде што, во предизвикувачка средина, со трпение и метод успеа да постигне солидни резултати.
- Доколку тој странски турист отиде на стадионот Дал’Ара, можеби дури ќе се почувствува како да е во Италија или дека гледа натпревар од Серија А. Болоња игра со европски начин на размислување и фудбалска филозофија. Можете да видите колку трчаат и колку се жртвуваат. Тие играат со една идеја на ум: колективен фудбал, - порачува Саки во последната колумна за „Газета Дело Спорт“.







