Ѕверот го придвижува мотор од авион и троши над 100 литри на 100 километри – повторно е во продажба

Точка

12/11/2025

08:30

1.657

Големина на фонт

а а а

Оригиналниот „The Beast“ нема никаква врска со претседателската лимузина на Трамп, ниту пак со Америка. Иако станува збор за мегаломански проект, сè што е создадено – направено е на Британските острови.

Зад целата приказна стои Џин Дод, кој на почетокот на 1970-тите успеал да го оживее проектот на Пол Џејмсон – човекот што конструирал огромен автомобил придвижуван со тенковски мотор „Meteor“.

Ѕверот првпат се појави во 1972 година, кога под масивната хауба беше поставен авионски мотор „Rolls-Royce Merlin“. Станува збор за 27-литарски V12 мотор кој во патна верзија развива 760 коњски сили.


Автомобилот сега повторно се појави во продажба. Дод редовно го возел, но не премногу често. Возилото досега има поминато помалку од 20.000 километри – главно поради астрономската потрошувачка што достигнува и до 140 литри на 100 километри.


Дод тврдеше дека автомобилот може да се движи со потрошувачка под 20 литри на 100 километри, но и дека достигнува брзина до 300 километри на час. И имајте на ум дека тоа го постигнувал со сосема просечен систем на потпирање и без посебни кочници.


Возилото денес има нов изглед – обвиено е со метално-сива фолија, а предниот дел е преработен со хромирана маска во стил на „Rolls-Royce“. Освен темелната обнова на екстериерот, направени се и значајни промени во внатрешноста. Првичната жолто-портокалова кабина е заменета со луксузна обвивка од црна кожа и „Alcantara“.


Аукциската куќа проценува дека автомобилот ќе се продаде за сума помеѓу 75.000 и 100.000 фунти.