Единствениот зачуван „Volkswagen Golf I“ со лизгачки врати се наоѓа во Австрија.
„Volkswagen Golf I“ денес важи за еден од најважните модели во историјата на автомобилската индустрија, но малкумина знаат дека пред почетокот на сериското производство постоел необичен прототип со лизгачки странични врати.
Овој уникатен „Golf“ бил претставен на 31 октомври 1973 година, неколку месеци пред производството на моделот официјално да започне во март 1974 година. Станува збор за верзија со три врати, кај која класичните врати биле заменети со лизгачко решение.

За потеклото на овој автомобил и денес постојат различни теории.
Најверојатно бил развиен во дизајнерскиот центар на „Volkswagen“ како една од експерименталните верзии за време на развојот на првата генерација на „Golf“.

Иако идејата била интересна, „Volkswagen“ на крајот се откажал од лизгачките врати и се одлучил за традиционалната конфигурација, која останала препознатлив белег на моделот во следните децении.
Посебноста на овој автомобил е и фактот што постои само еден примерок. Денес се наоѓа во музеј во Австрија и е дел од колекцијата на познатиот колекционер Јозеф Јуза.








