[ВИДЕО] По инцидентот со бугарското знаме во Велес, Цеца за „Точка“: „Никој и ништо не може да застане меѓу мене и мојата публика...“

Точка

01/11/2025

11:15

7.488

Големина на фонт

а а а

За време на вчерашниот концерт во Велес, балканската ѕвезда Цеца во еден момент го кренала националното знаме на Бугарија, а овој чин предизвика бурни реакции кај публиката, но и на социјалните мрежи откако видеата станаа вирални.

Откако добила свирежи од присутните на концертот, пејачката се обидела да ја смири ситуацијата, по што го кренала македонското знаме.

По инцидентот којшто ја крена македонската јавност на нозе, Цеца за „Точка“ изјави:

„Не е непознато дека секогаш со задоволство го прифаќам секое знаме од мојата публика затоа што тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нас не поврзува љубовта кон песната, без оглед од каде доаѓаме.

Жал ми е доколку овој чин повреди некого – тоа навистина не ми беше намерата, а особено не да ги повредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа. Ви благодарам на прекрасната вечер, на прекрасната енергија, љубовта кон спомените кои заедно ги создадовме“.


А, за реакциите на социјалните мрежи, Цеца порачува:

„Реакциите се случија во салата, меѓу мојата публика и мене. Ние знаеме како си поминавме, што беше убаво, а што помалку убаво во текот на концертот којшто траеше два часа. Тоа е она што е најважно. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи затоа што сите ние кои таа вечер бевме заедно во Велес знаеме што навистина се случи. Никој и ништо не може да застане меѓу мене и мојата публика“, изјави Цеца.