40 проститутки за 4 дена, а тоа му го овозможиле дипломати?! Нови детали за скандалозното однесување на поранешниот принц

Точка

31/10/2025

19:38

3.927

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс Трети ја изненади Британија и светот со одлуката да му ги одземе сите титули на својот помлад брат Ендру, за што вчера јавноста беше информирана од Бакингемската палата.

Синот и миленикот на покојната кралица Елизабета Втора не само што од сега натаму нема да биде војвода од Јорк и нема да може да живее во Кралската ложа, туку покрај неговото име нема да стои ниту титулата принц, иако тоа е негово право стекнато со раѓање.

Чарлс ги започнал неопходните процеси за Ендру формално да престане да биде принц, а од сега натаму јавноста ќе го познава како Ендру Маунтбатен Виндзор, обичен граѓанин. Наместо во Кралската ложа, ќе живее на имот во Норфолк, а трошоците ќе ги „сноси приватно кралот“.


Со оглед на бројните скандали во кои е вмешан принцот Ендру, долго време Британците ја посакуваа оваа одлука, но малкумина очекуваа Чарлс навистина да ја донесе, а се верува дека во тоа голема улога имал престолонаследникот принцот Вилијам, кој не сака да го толерира однесувањето на својот чичко.

Откако започна драмата со иселувањето на Ендру од Кралската ложа, во јавноста се појавуваат сè повеќе шокантни детали за неговиот распуштен живот, а „Daily Mail“ денес пренесува тврдења на кралскиот историчар Ендру Лауни, кој неодамна објави книга за Ендру за која се проценува дека ќе „биде неговиот крај“.

Распуштениот живот на поранешниот принц

Лауни неодамна гостуваше во поткастот „Daily Mail Deep Dive“, каде изнесе нови детали до кои дошол, а еден особено изненадувачки се однесува на однесувањето на синот на кралицата на патувањата.


„Ендру во 2001 имаше 41 година и влезе во криза на средни години. Во суштина, почна да „брка“ многу, многу жени. Ја користеше својата положба како дипломатски претставник за трговија, кој го плаќаат даночните обврзници, за да оди на патувања. Секогаш додаваше и две недели „приватно време“. Така ние плаќавме за неговиот одмор, на кој оди да прави некои работи“, објасни Лауни.

„Познат е неговиот пат на Тајланд, по повод прославата на роденденот на кралот. Ендру ја претставуваше својата држава и инсистираше да престојува во хотел со пет ѕвезди наместо во Амбасадата, како што обично се правело“, вели Лауни и тврди: „На Ендру му биле доведени 40 проститутки за четири дена. Тоа го овозможиле дипломати и други“.

Историчарот на водителката Сари Вајн ѝ кажал дека овој податок го потврдиле повеќе негови извори, вклучувајќи дописник на „Reuters“ и еден член на кралското семејство на Тајланд.

Книга која навистина беше „крајот на принцот Ендру“

За потсетување, Лауни неодамна објави книга за поранешниот војвода од Јорк, во која раскажал многу скандалозни приказни за синот на покојниот принц Филип и кралицата Елизабета. Тој пишувал за најпознатите скандали на принцот, обвиненијата за силување од Вирџинија Џуфре, бурниот љубовен живот, неговата поврзаност со Џефри Епстајн, Гислејн Максвел, Бил Клинтон, Доналд Трамп...


Тој истакнува дека пријателството на Ендру со осудениот педофил Епстајн било како да „ставите ѕвечарка во терариум со глушец“, дека Епстајн лично е автор на познатата фотографија на која Ендру е со тогаш 17-годишната Вирџинија Џуфре, која го обвинувала за силување, и озлогласената „мадам“ Гислејн Максвел.

Авторот пишува дека Епстајн го уценувал Ендру бидејќи му доведувал жени. Тврди дека принцот делел љубовница со Бил Клинтон и Максвел, дека бил цел на шпиони од арапски и азиски земји и Русија.

Во оваа биографија, Лауни исто така наведува дека Ендру го понижувал, пцуел и навредувал персоналот на Палатата, ги нарекувал „имбецили“, испраќал обезбедување да му собира топчиња на голф терените и приватните авиони ги користел опуштено како такси.

„Цел живот му биле давани секаков вид привилегии, а тој покажувал лошо однесување и влегувал во многу компромитирачки ситуации“, наведува авторот, оценувајќи дека неговиот проблем е „неисправен карактер“.