[ФОТО] Ова некогаш бил најпрестижниот дел на градот Газа – погледнете како изгледа сега

Точка

31/10/2025

20:37

1.133

Големина на фонт

а а а

Населбата Тел ел-Хава остана во урнатини по повлекувањето на израелските сили по примирјето во градот Газа. Поголемиот дел од зградите се срамнети со земја, а инфраструктурата на подрачјето е речиси целосно уништена.

Станува збор за кварт во југозападниот дел на градот Газа, кој Палестинската самоуправа го основала во 90-тите години, по што стана еден од најпрестижните делови на градот.


Во него се наоѓале хотели и седишта на повеќе институции, а на самиот раб на квартот е болницата Ал-Кудс, една од најважните болници во Појасот Газа, која за време на тековната војна престана со работа.


Квартот беше и мета на нападите што израелската војска ги изведе оваа недела. Тогаш, според палестински извори, биле убиени мајка и дете.

Во продолжение можете да ги погледнете фотографиите од Тел ел-Хава што денес ги објави агенцијата „Anadolu Ajansi“.