Нови Сад е центар на голем комеморативен собир по повод годишнината од смртта на 16 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица на 1 ноември минатата година, а десетици илјади луѓе маршираа во тишина до зградата на станицата за да им оддадат почит на жртвите.
На чело на поворката што го исполни централниот булевар на градот, учесниците на собирот носеа црни знамиња со имињата на загинатите, чии имиња беа прочитани пред да започне 16-минутното молчење во 23:52 часот, кога се урна настрешницата.
Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Официјалниот дел од комеморацијата ќе заврши во 19:52 часот, кога ќе се одржи уште едно 16-минутно молчење во чест на загинатите.










