„Ако мажот носи апостолки - бегајте“

Точка

22/10/2025

10:11

1.092

Големина на фонт

а а а

Актерката Дакота Џонсон не би сакала да го види своето момче во еден специфичен вид обувки – и неодамна објасни зошто.

Ѕвездата на филмот „Materialists“ откри што според неа претставува најголем „red flag“ во врска односно предупредувачки знак дека нешто не е во ред, а сè се сведува на летни обувки, пишува „E! Online“.

„Мажи кои носат апостолки“, изјави Дакота за „Vogue“ на 21 октомври. „Бегајте“.

Кога веќе станува збор за работи што не ѝ се допаѓаат, таа призна дека не е љубител и на колонски води или било какви мириси. „Не, тоа не ми се допаѓа“, објасни актерката. „Имам многу специфично чувство за мирис кога се во прашање мажите, жените и сите останати“.


Џонсон нема проблем да сподели што ѝ се допаѓа, а што не во една врска. Актерката, чија 8 години долга врска со музичарот Крис Мартин заврши во јули, претходно откри што апсолутно не бара кај партнер. „Само – да не е кретен“, изјави таа за време на интервју во емисијата „Today“.

Прекин на 8-годишната врска

Нејзиниот одговор дојде откако медиумите објавија дека ставиле крај на врската со фронтменот на „Coldplay“, кој со поранешната сопруга Гвинет Полтроу има две деца – 21-годишната Епл и 19-годишниот Мозес. Иако и претходната година кружеа гласини за прекин, во август 2024 нивен претставник за медиумите тоа го демантираше, велејќи: „Не е вистина, среќни се заедно“.


Пред да прекинат, Дакота понуди редок увид во својот љубовен живот – односно, во отсуството на истиот. „Никогаш не сум излегувала со никого. Имав момчиња, но никогаш не сум користела апликација за состаноци“, изјави таа за „Elle“ во мај. „Едноставно, не го познавам тој свет. Да љубиш некого е најстрашната и најубава работа што можеш да ја направиш“.