Актерот Александар Михајловски вчера гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров, а како и секогаш, искрено зборувал на многу теми.
Во еден дел од поткастот, Михајловски проговори и за борбата со зависностите и изјави дека одлучил тоа да го сподели јавно за да испрати порака дека тоа е погрешно.
„ Ова го зборам за да кажам дека е лош пример. Ова не го кажувам како нешто со коешто се гордеам. Менталното здравје ми беше на најниско ниво во еден период“, вели Александар и додава дека во тој период ја ставил својата кариера во втор план.
„Побитно ми беше да заглавам до 5 саат сабајле со тањирот и со пиење и со сите сра*а и сабајле да станам и да бидам тотално непрофесионален“.
„Мангуп не си ако можеш да средиш 2 грама и да испиеш вечерта литро виски. И да се степаш. Тоа ме донело до тепачки, ме донело до тоа да ме избодат со нож, да, такви некои филмови уличарски“.
На прашањето на Стефан дали бил зависен, тој вели „да“.
„Не можев да се замислам без да дувам, без да пијам. Јас сам се излечив со спорт. Почнав да трчам, 4-5 години не пијам алкохол, не консумирам никакви наркотични супстанции, 2 години не дувам. Сакам младите да сфатат една работа: Сфатете дека тоа е погрешно!“, вели Михајловски.