22 години ја „вовлекувал“ Круната: Вилијам и Кејт подготвија уште една немилосрдна казна за срамниот принц Ендру

Точка

22/10/2025

09:07

1.499

Големина на фонт

а а а

Принцот Ендру којшто неодамна се откажал од својата титула војвода од Јорк со децении живее во Кралската ложа во Виндзор, а се докажало дека веќе 22 години не плаќал кирија.

Освен тоа, идните крал и кралица повеќе не сакаат да имаат никаква врска со него.

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон одлучиле да го „протераат“ принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон од Кралската ложа во Виндзор каде со децении живееле бесплатно, вели кралскиот биограф Тина Браун, пренесува „Daily Mail“.


Пријателката на принцезата Дајана која била и главна уредничка на магазините „Tatler“ и „Vanity Fair“ тврди дека принцот и принцезата од Велс не можат да го поднесат Ендру и дека сакаат тој да „исчезне“.

Таа тврди дека неговото престојување во Виндзор се заканува да го наруши нивниот живот во „новиот дом“ Форест Лоџ.

Да ве потсетиме, парот ќе се всели наредниот месец со своите три деца Џорџ, Шарлот и Луј.

Притисокот на Вилијам да го протера Ендру фрла ново светло во тврдењата во кралското семејство поради здравјето на својот татко, кралот Чарлс.

Тина Браун објаснува дека идните крал и кралица размислуваат како да го „отстранат“ 65-годишниот маж којшто има цврст договор да живее во поранешната вила на кралицата мајка, недалеку од замокот Виндзор и само шест километри од нивниот дом.

Сето ова се случува по еден неверојатен пресврт и сознание дека принцот Ендру не плаќал кирија за својата палата 22 години, за која се вели дека изнесувала околу 260.000 фунти годишно.


„Ендру би требало да се исфрли од неговата Виндзорска кралска ложа и да се протера затоа што британската јавност е „сита“ од него и тој е срам за своето семејство и Велика Британија“, пишува Роберт Џенрика.

Тина Браун тврди дека Вилијам би можел да му забрани на неговиот чичко да присуствува на неговото крунисување и дури би можела да се разгледа опцијата да не присуствува ни на погребот на кралот Чарлс, кога таа трагедија би се случила.