Австралискиот танчер со македонско потекло, Михаил Дамески, повторно го привлече вниманието на светската јавност. Вчеравечер, во преполната арена Unipol Forum во Милано, тој настапи како дел од танцувачкиот тим на Лејди Гага, во рамки на нејзината нова светска турнеја „The Mayhem Ball“.
Настапот беше вистински визуелен спектакл – комбинација на музика, уметност и неверојатна сценска енергија, во која Дамески остави силен впечаток со својата прецизност, страст и харизма.
Михаил е роден во Сиднеј, Австралија, а потекнува од македонско семејство – неговиот татко е од Прилеп. Танцот го освоил уште на шестгодишна возраст, а љубовта кон движењето и уметноста го однеле до големите сцени. Светската публика го запозна преку шоуто „World of Dance“ во 2018 година, каде што се истакна со својата оригиналност и техничка совршеност.
Соработката со Лејди Гага е уште еден врв во неговата меѓународна кариера. Како дел од нејзиниот тим на турнејата „The Mayhem Ball“, која започна во јули 2025 и ќе трае до април 2026, Михаил настапува на најголемите европски и светски сцени, каде што со секој настап ја освојува публиката со својот препознатлив стил.
Настапот во Милано не помина незабележано ниту кај македонската јавност. Антониа Гиговска, која беше дел од публиката, на социјалните мрежи сподели видео и фотографии од концертот, со воодушевување пишувајќи за неверојатната енергија на шоуто и за талентот на Михаил.
Дамески денес е симбол на тоа како македонскиот дух и уметничката посветеност можат да освојат светски сцени. На неговиот.
Автор: Ц.Н.