Сите сме ја слушнале изреката дека треба појадокот да го изедеш сам, ручекот да го споделиш со пријател, а вечерата да му ја дадеш на непријателот. Во тој случај — што треба да се појадува, ако е тоа најважниот оброк во денот?
Според написот на „Today“, 17 стручњаци — кардиолози, онколози, невролози, гастроентеролози и стоматолози — се согласиле дека овие два појадока се најздравите што можеме да ги изедеме.
Кога станува збор за исхраната, овие експерти се придржуваат до медитеранската исхрана, DASH-диетата или MIND-диетата — режими на исхрана кои го намалуваат крвниот притисок, ризикот од рак и можноста за развој на невролошки заболувања како Алцхајмеровата болест.
Заедничко за овие диети е фокусот на целозрнести житарици, како и вклучување на разновиден зеленчук, овошје, мешунки, маслиново масло, ореви и немасни протеини.
Пример за здрав појадок е овесна каша со бобинки, семки и ореви.
• Овесот е богат со влакна и многумина сметаат дека неговиот состав е најсличен на мајчиното млеко. Го одржува нормалниот цревен микробиом и спречува запек. Во варен, мелен или интегрален овес можете редовно да додавате:
• семки од лен, коноп или тиква,
• суви или свежи бобинки,
• мед и други природни додатоци за вкус и хранливост.
Вториот појадок што лекарите сакаат да го јадат е авокадо на тост од целозрнесто жито.
Здравите масти ќе ве држат подолго сити, а здравите јаглехидрати ќе ви дадат енергија за почетокот на денот. Во само едно мало парче тост имате доволно калории и хранливи материи за да ве држат до ручек и да се чувствувате добро и енергично.