Кафеанскиот грашок е едно од омилените јадења за многумина, познат по богатиот вкус и едноставната подготовка.
Неговиот неодолив вкус се крие во комбинацијата на маснотија, сувомеснати додатоци и внимателно зачинет сос.
Тајна состојка: чадена сланина или панчета, на јадењето му дава карактеристичен вкус којшто грашокот го прави неодолив.
Состојки:
- 500 грама свеж или замрзнат грашок;
- 200 грама чадена сланина или панчета исечкана на коцки;
- 300 грама свинско месо исечкано на коцки;
- 1 кромид, ситно исечкан;
- 2 чешниња лук, ситно исечкани;
- 1 морков, исечкан на кругови;
- 2 лажици доматно пире;
- 2 лажици масло или маст.
Подготовка:
Во поголемо тенџере загрејте го маслото или маста. Додадете го кромидот, па пропржете, потоа додадете го лукчето и кратко пржете.
Додадете ја сланината или панчетата и пржете додека не пуштат арома. Додадете го и свинското месо и пржете додека месото не добие златна боја.
Додадете го морковот, црвениот пипер и доматното пире, кратко пржете.
Додадете го грашокот и прелијте со вода или бујон. Посолете и додадете зачини по вкус.
Поклопете го тенџерето и варете на средна температура 20-25 минути.
На здравје!