Актерката Ема Вотсон ужива во Италија, но не е сама.
Имено судејќи според папарацо фотографиите што ги сподели „Дејли мејл“, Ема е со мистериозен маж и се чини дека е навистина заљубена. Иако сите очекуваа таа да се омажи за друг…
Според извештаите, двојката уживала во шармот на Италија, а држејќи се за раце ја посетиле и Кривата кула во Пиза.
Меѓутоа мистериозниот маж веќе не е толку мистериозен, односно се работи за Остин Кевич, технолошки тајкун кој е и извршен директор на апликацијата за запознавање „Lox Club“. Но тоа не е единствената занимливост за него, бидејќи е познат и по својата врска со Камила Кабело.
Сепак, ова појавување на Вотсон со Кевич привлече големо внимание најмногу поради тоа што до пред неколку дена се претпоставуваше дека актерката ќе соопшти дека се мажи за своето долгогодишно момче Киран Браун.
Кога се појавија гласини за венчавката, актерката категорично ги негираше, но никогаш официјално не потврди дали врската се распаднала.
Инаку и Браун и Кевич имаат еврејско потекло, а Ема претходно беше обвинета за антисемитизам од поранешниот амбасадор на Израел во Обединетите нации, откако објави порака со поддршка на Палестина.