Од кошаркарка Барби до модна писта на „Викторија Сикрет“: Животната приказна на првата спортистка која ги носеше ангелските крилја

Точка

18/10/2025

17:00

596

Големина на фонт

а а а

Оваа убавица добила несекојдневна можност и била одлучна да даде сѐ од себе поради што изнајмила тренер за манекенско одење.

Ејнџел Рис, 23-годишната американска кошаркарка и ѕвезда на тимот Чикаго Скај, влегла во историјата како прва професионална спортистка која прошетала на пистата на „Викторија Сикрет“.

Со тоа докажала дека силата, самодовербата и женственоста можат совршено да се вклопат заедно и на терен и во светот на модата.

Нејзината појава на ревијата привлекла огромно внимание во јавноста. Ејнџел признала дека тоа за неа било несекојдневно искуство затоа што до вчера била меѓу публиката, а сега и самата таа чекори по пистата, рамо до рамо со најпознатите модели на светот.

За да се подготви за тоа, таа ангажирала тренер за одење по писта и по сопствено признание, дала сѐ од себе да биде достојна за тој момент. Нејзината мајка била пресреќна и горда додека Ејнџел кажала дека тоа е остварување на еден од нејзините сништа.

Родена во 2002 година, Рис растела во спортско семејство. И татко ѝ и мајка ѝ играле кошарка, а нејзиниот брат Џулијан исто така оди по нивните стапки.

Уште во текот на студиите ја нарекувале „Bayou Barbie“ затоа што на терен секогаш изгледала совршено средена, со маникир и шминка и стил којшто дише во знакот на самодовербата.


За Ејнџел изгледот и силата не се контрадикторни, напротив, тоа е комбинација која направила да стане симбол на новите генерации спортистки.

Пред да премине во професионалец, Ејнџел играла за Универзитетите Мериленд и ЛСУ, каде остварила историски успех освојувајќи национално првенство во 2023 година.

Во првата сезона на WNBA лигата брзо покажала дека теренот ѝ припаѓа исто колку и пистата, енергична, борбена и харизматична, станала една од најпознатите млади играчи.

Надвор од теренот таа често го користи своето влијание да ги инспирира другите. Неодамна со емотивен гест ја изненадила својата мајка, ѝ ја отплатила хипотеката како роденденски подарок велејќи дека тоа било најубавото чувство во животот.