Бламажа на годината: Модната куќа Баленсијага откри – Меган Маркл самата се поканила на Модната недела во Париз

Точка

14/10/2025

18:38

567

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл успеа да се најде во центарот на вниманието на неодамнешната Модна недела во Париз.

Меѓутоа како што неодамна открил Пјерпаоло Пичоли, креативниот директор на Баленсијага, војвотката од Сасекс самата себеси се поканила на ревијата на познатиот бренд.

Дали е ова бламажа на годината? Иако не била на списокот на гости, Маркл одлучила да дојде на Модната недела во Париз. „Таа ќе направи сè за да биде во преден план и да го добие своето“, гласел еден коментар откако Пичоли откри како сопругата на принцот Хари се нашла на ревијата на Баленсијага.


„Меган и јас се запознавме пред неколку години и оттогаш сме во контакт. Таа ми се јави и ми рече дека сака да дојде“, изјавил Пичоли (58) за „The Cut“. „Немаше стратегија, немаше голема организација. Никому не кажав дека доаѓа, сакав да остане изненадување. Вистинските изненадувања се ретки во модата, а ова беше прекрасно“, додал тој.


Нејзиниот портпарол веднаш реагирал, објаснувајќи дека војвотката од Сасекс со години ги носи моделите на Пичоли, дека соработувале некое време и дека сакала да го поддржи на лице место, на Модната недела, на презентацијата на дебитантската колекција за Баленсијага, чијшто креативен директор станал во јули.


Меган, која пристигнала во бел, широк комплет со долг шал, направила сè за да остави впечаток. Целта била повторно да стане главна тема на социјалните мрежи, во што и успеала. Но, речиси веднаш, таа се нашла на удар на критичарите.


Тие не ја поштедија: на некои им пречела забележливата глума и тактичкото свртување на главата кон камерите, други ја нападнале затоа што ѝ се смеела на манекенката која се сопнала на пистата, а имаше и такви кои се прашувале зошто се снимала токму во близина на местото каде што почина принцезата Дијана, мајката на Хари.


Покрај сето тоа, еден портал ја нарекол „војвотката на лицемерието“ затоа што поддржала бренд кој пред три години бил мета на критики поради кампања во која децата држеле кадифени мечиња облечени во садо-мазохистичка кожна облека. Модната куќа беше принудена да се извини, наведувајќи дека „силно осудува секаков облик на злоупотреба на деца“ и дека „немале намера на кој било начин да ги повредат правата на најмладите“.


„Оваа жена прави грешка по грешка … Зошто, по ѓаволите, би отишла на ревијата на Баленсијага? Која мајка би можела да го поддржи тој бренд после сè?“, напишал еден лут корисник на социјалните мрежи, потсетувајќи дека Меган „цврсто ги брани интересите на своите деца и ги штити од јавноста, а од друга страна присуствува на ревија на модна куќа која користела други деца за одвратна кампања“.