Бугарија парираше во пресметката со Турција во првиот дел и имаше активни 1:1 по 45 минути игра, но второто полувреме е целосно за заборав ако се земе во предвид дека гостите постигнаа дури пет голови.
Турција на крајот запиша убедлива победа со резултат 1:6 во Софија, но погодокот кој ја најави голеадата во вториот дел се најде посебно во центарот на вниманието.
Гостите добија огромна помош од бугарскиот дефанзивец Виктор Попов, бидејќи бекот на домашниот тим си постигна мајсторски автогол каков што ретко се гледа.
Попов буквално го лобуваше својот голман на перфектен начин, а во моменти кога не можеше да сфати што направи и се фаќаше за глава, Арда Гулер беше тој кој се обиде да го утеши.
Ѕвездата на Реал му пријде на Попов во обид да го утеши, но бугарскиот фудбалер не можеше да се соземе и навистина тешко го поднесе голот кој се покажа како најава за тежок пораз.
Автоголот погледнете го ТУКА.