Силвињо по триумфот над Србија: Како да симнав товар од 200 килограми од мојот грб

Дерби

12/10/2025

10:25

189

Големина на фонт

а а а

Албанија оствари важна победа против српската фудбалска репрезентација во Лесковац, а селекторот Силвињо по натпреварот испратил многу комплименти за своите избраници и начинот на кој го одиграле овој натпревар од квалификациите за СП.

Ривалството меѓу двете селекции создаде дополнителен притисок на двете страни, па додека Драган Стојковиќ поднесе оставка по незгодниот пораз, Силвињо може да размислува за баражот за СП, но и подолг престој во селекцијата на нашиот западен сосед.

– Ова беше тежок натпревар, на тежок терен и против квалитетен противник. Освоивме три големи бода, можеби и одлучувачки за место во баражот.

– Во моментов се чувствувам како да симнав 200 килограми товар од сопствениот грб. Горд сум на моите фудбалери, но се уште не сме завршиле тоа што треба, ова беше важен чекор.

– Работевме на секој детаљ, многу видео анализи, фудбалерите имаа одговорност и притисок, беа вклучени многу работи од геополитички аспект, – рекол Силвињо.