Лионел Меси беше дел од тренинг кампот на аргентинската репрезентација на Флорида, но доби дозвола да настапи за својот клуб Интер Мајами, па со два гола му помогна да стигне до важна победа во претпоследното коло од регуларниот дел во МЛС.
Големата аргентинска ѕвезда не доби минутажа на последниот пријателски натпревар со Венецуела, па тренерот Хавиер Маскерано добил зелено светло да се договори со Меси накратко да им се врати на клупските обврски, иако цела недела тренираше со колегите од националниот тим.
Меси возврати со два гола и асистенција, а Интер Мајами го победи тимот на Атланта со 4:0, со што сега е израмнет на второто место на табелата.
Во последното коло составот од Флорида гостува кај Нешвил и докрај ќе се бори за втората позиција со Синсинати, додека Филаделфија одамна го резервираше првото место и најдобра стартна позиција за плејофот.