Принцот Вилијам, иако е поопуштен од неговиот татко е човек којшто се придржува до правилата и протоколите и во јавноста е прилично резервиран, но пред оваа приказна ни тој не успеал да остане рамнодушен.
Иако принцот Вилијам делува поопуштен во јавноста отколку од неговите предци, тој сепак е често воздржан, а таков е поради тоа што од мал бил подготвуван за тронот.
Дури и на погребот на неговата мајка, кога имал само 15 години успеал да остане силен, но сега во филмот снимен по повод Светскиот ден на менталното здравје плачел.
Приказна која го потресла принцот Вилијам
Принцот Вилијам го интересирало како Ријан успеала да се грижи сама за своите постари деца, ќерката Холи и сонот Ајзак, по толку страшен период.
„Да бидам искрена, не знам како го преживеавме тоа. Сама се будиш и одиш понатаму, ден по ден“, рекла таа.
Иако се трудел да води мирен разговор, гласот на принцот почнал да трепери кога Ријан Менинг рекла дека би сакала Пол да разговарал со неа за тоа како се чувствува затоа што била сигурна дека со текот на времето ќе станело полесно.
„Мислам дека тоа е најтешко... Ќе бидеме во ред“, верува таа.
Ријан по смртта на синот и самоубиството на сопругот се посветила на семејството и поддршката од луѓето кои имале слични судбини, а нејзината хуманитарна организација „2 Wish Upon A Star“ помогнала на илјадници луѓе во Велс кои изгубиле некого ненадејно.
Како што вели, верува дека многумина не разбираат како се чувствуваат семејствата на самоубијци затоа што сѐ уште постојат стигми на оваа тема.
Поради тоа најблиските ја избегнувале подолго време затоа што едноставно не знаеле што да ѝ кажат.
„Со години ме избегнуваа на улица и во супермаркет. Пријателите ме напуштија и повеќе никого не можев да видам. Тоа е тешко затоа што имате чувство дека поседувате некоја ужасна и валкана тајна која не треба да се раскажува“, вели Ријан Менинг.
Принцот Вилијам е „опуштен што заборавате со кого зборувате“
Принцот Вилијам и оваа храбра жена се запознале во 2017 година кога таа учествувала во маратонот на поддршка на менталното здравје „Mind Over Marathon“, а подоцна во повеќе наврати си пишувале.
Сепак, таа била изненадена кога идниот крал ја прашал да дојде во нејзиниот дом во Кардиф и пред камерите да разговараат за трагедијата во семејството.
„Имав чувство дека сакаше да дознае повеќе работи за Пол, да разговара со мене и да види каков живот сега живеам. Затоа ова беше посебен момент, нешто што никогаш нема да го заборавам“, изјавила Ријан.