[ВИДЕО] Скандал на концертот на Дуа Липа: Обезбедувањето веднаш реагирало, фановите згрозени - „Ова е застрашувачко“

Точка

06/10/2025

13:46

2.200

Големина на фонт

а а а

Пејачката Дуа Липа неодамна одржа концерт во Лос Анџелес, каде беше забележан непријатен момент за време на нејзиниот контакт со фановите.

Иако нејзината намера била да им се приближи на обожавателите и со некои дури и да се фотографира, еден маж од публиката го расипал моментот со својот непримерен потег.

Дуа за време на настапот се приближила до првиот ред и прегрнала еден обожавател. Во прв момент сè изгледало пријателски, но потоа мажот најпрво ја ставил раката на нејзиниот грб, а потоа ја спуштил пониско – кон нејзиниот задник. За среќа, член на нејзиното обезбедување реагирал брзо – веднаш ја тргнал неговата рака и ја заштитил пејачката.

Снимката предизвика лавина реакции

Видеото од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вирално, предизвикувајќи лавина од негативни коментари за однесувањето на мажот.

„Од ова буквално ми се превртува желудникот... Дуа само се обидува да им се приближи на фановите, а некои тоа го сфаќаат на најлош можен начин. Ги мразам таквите луѓе“, напишала една корисничка која ја споделила снимката на „Х“.

„Ги мразам ваквите чудовишта“, „Колку одвратен маж“, „Славните личности не можат ни да се доближат до фановите без ризик од физичко или сексуално вознемирување. Ова е навистина вознемирувачки“, „Ова е застрашувачко и навредливо“, се нижеле коментарите.


Многумина ја пофалија брзата и решителна реакција на обезбедувањето, кое ја заштити пејачката: „Овие луѓе заслужуваат покачување“, напиша еден фан.

Иако видеото се споделува и коментира масовно, Дуа Липа сè уште не се има огласено по повод инцидентот. Таа моментално е на светската турнеја „Radical Optimism Tour“, која започна во ноември 2024 година во Сингапур. Турнејата ќе трае до декември 2025 година и опфаќа бројни светски градови.