[ВИДЕО] Хаос на концертот на Били Ајлиш: Обожавател ја повлекол кон себе, пејачката удрила во метална ограда

Точка

11/10/2025

13:04

1.690

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Били Ајлиш доживеала непријатна ситуација за време на концерт во Мајами, кога обожавател од публиката нагло ја повлекол, а снимката веќе кружи по социјалните мрежи.

За време на концертот во склоп на нејзината турнеја „Hit Me Hard and Soft“ во „Kaseya Center“, таа се симнала од бината за да ја поздрави публиката. Но, една личност ја повлекла за раката кон металната ограда.

Член од нејзиното обезбедување ѝ помогнал да се исправи и го оттурнал обожавателот. Снимката предизвика бројни реакции.


„Ова е одвратно. Некои од вас забораваат дека се работи за вистински луѓе, а не за 'експонати' од зоолошка градина“, „Нема да ме чуди ако по ова престане да се симнува меѓу публиката. Таа е само човек. Се надевам дека е добро“, се дел од коментарите.

Били овој викенд ќе одржи уште два концерта во истата сала. Не е познато дали, и покрај инцидентот, повторно ќе слезе меѓу публиката.

„Page Six“ се обидел да стапи во контакт со пејачката за изјава, но таа не одговорила на повиците. Многу други познати личности, како Хари Стајлс и Биби Реџа, неодамна се соочиле со слични ситуации на нивните концерти.