Тејлор Свифт гостувала во емисијата „The Graham Norton Show“, а нејзиното појавување, особено интеракцијата со актерот Килијан Марфи, предизвикало бројни реакции на социјалните мрежи.
Покрај Свифт и Марфи, на познатиот црвен кревет седеле и Грета Ли, Џоди Тарнер-Смит, пејачот Луис Капалди и Донал Глисон.
Пејачката во емисијата го промовирала својот нов албум „The Life of a Showgirl“ којшто официјално беше објавен токму на денот на емитување на емисијата (во петокот).
Новиот албум на 34-годишната ѕвезда веќе „крена прашина“, најмногу поради песната „Wood“ во која наводно пее за својот вереник Тревис Келси, како и песната „Actually Romantic“ за која обожавателите веруваат дека содржи провокации за Чарли XCX.
Сепак, она што сите го забележале бил огромниот дијамантски веренички прстен на нејзината рака.
Реакција која станала вирална
Водителот Грејем Нортон не можел да не го искоментира прстенот.
„Има многу работи за кои треба да ѝ честитаме на Тејлор Свифт, но она на што мислам дека треба да ѝ честитам е и новото парче накит на прстот“, рекол тој.
„Надоградба на хардверот?“, се пошегувала Тејлор.
Со аплауз од публиката, пејачката го покажала прстенот пред гостите. Џоди Тарнер Смит и Греда Ли со воодушевување го гледале и ѝ упатиле комплименти.
Меѓутоа, реакцијата на Килијан Марфи, ѕвездата на „Peacky Blinders“ била целосно поразлична.
Актерот речиси не се поместил додека Свифт го покажувала прстенот, кратко се насмевнал на нејзината шега како да го гледа „како да е телевизор“.
Познато е дека Марфи е понастрана од медиумското внимание и нема профили на социјалните мрежи, а неговата воздржаност станала главна тема на социјалните мрежи.