Кошаркарката на „Чикаго Скај“ и ѕвезда на „WNBA“ лигата, Енџел Рис, откри дека ќе биде дел од ревијата на „Викторијас Сикрет“.
Таа влезе во историјата како прва професионална спортистка што ќе учествува на овој престижен моден настан.
На социјалните мрежи, таа, меѓу другото, изјави дека конечно добила крилја и дека учеството во ревијата на „Викторијас сикрет“ ѝ се чини судбоносно.
„Крилја на глава, потпетиците спремни… ’Фатете‘ ме на пистата“, напиша таа. Рис позирала во црна долна облека и потпетици. Изгледот го надополнила со малку виткана фризура и едноставна шминка, а добила бројни комплименти.
„Ова е легендарно“, „Продолжи да кршиш бариери“, „Не „Ангелот си ги доби крилјата“, беа дел од коментарите на Инстаграм.
Инаку Рис неодамна за списанието „People“ раскажа како реагирала откако добила понуда за соработка од Викторијас сикрет.
„Не можев да престанам да се смеам. Тоа е толку надреален момент. Минатата година бев во публиката и сонував да бидам на таа писта, целосно инспирирана и воодушевена од жените што се прошетаа по неа, а сега се враќам како „ангел“. Ова ќе биде незаборавна ноќ за која ќе бидам засекогаш благодарна“, изјавила Рис.
Ревијата ќе се одржи на 15 октомври во Њујорк, а љубителите на модата ширум светот со нетрпение го очекуваат овој настан, кој ќе можат да го гледаат на платформата „Prime Video“.