Двајца писатели ја имаат одбиено Нобеловата награда: Контроверзни потези кои го шокираа светот

Точка

09/10/2025

15:40

497

Големина на фонт

а а а

Писателите Жан-Пол Сартр и Борис Леонидович Пастернак ја одбија престижната Нобелова награда за литература – и за тоа имале добри причини.

Денес Шведската кралска академија го објави лауреатот на Нобеловата награда за литература - унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи кој е прогласен за 121-ви добитник на најпрестижната награда во светот во областа на литературата. Краснахоркаи, кој има 71 година, е познат по романите со силно изразени филозофски и дистописки теми, како што се „Сатантанго“ и „Меланхолијата на отпорот“.

Сепак, оваа престижна награда ја следеле и контроверзии поврзани со нејзиното одбивање. Досега двајца добитници ја имаат одбиено Нобеловата награда за литература, што ја ставило комисијата во незгодна положба.

Борис Леонидович Пастернак

Рускиот писател ја одбил Нобеловата награда за литература во 1958 година. Неговиот роман „Доктор Живаго“ се занимавал со советскиот социјализам и Црвената револуција на прилично „либерален“ начин, поради што и бил забранет во СССР. Многу години подоцна, беше откриено дека ЦИА спроведувала тајна промоција на книгата внатре во Советскиот Сојуз.

Пастернак ја добил наградата за книгата според која подоцна бил снимен и популарен филм, но ја одбил поради страв од советскиот режим.

Жан-Пол Сартр

Филозофот во 1964 година ја добил Нобеловата награда за литература, но ја одбил. Како што стои во неговото официјално објаснување доставено до Нобеловиот комитет, тој изјавил дека не сака да биде институционализиран како писател.

„Не е исто дали ќе се потпишам како Жан-Пол Сартр или како Жан-Пол Сартр, добитник на Нобелова награда. Писателот мора да одолее на тоа да биде претворен во институција, дури и кога тоа се случува на почесен начин“, напишал Сартр.

Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, пронаоѓачот на динамитот, кој сакал од неговиот фонд секоја година да се издвојуваат средства за придонеси кон човештвото.

Наградата ја доделува Шведската академија на науките, а добитникот добива и паричен износ од нешто повеќе од 1.000.000 евра.