Србија беше изненадена од снегот што падна во повисоките делови само десет дена по крајот на летото.
Но, селото Игриште во близина на Куршумлија не било изненадено само од снежната покривка, туку и од нешто уште понеобично. Среде белата, затрупана рамнина, мештаните забележале змија. Глетка што би ја очекувале во топлите месеци, а никако среде снегот, целосно ги збунила. Тоа е толку ретка појава што, според народното верување, може да се протолкува и како посебен предзнак, пишува Нова.рс.
Необична глетка во природата
Биолозите објаснуваат дека змиите се ладнокрвни животни кои во текот на зимата мируваат скриени во земја. Сепак, понекогаш можат да се разбудат од ненадејна промена на температурата или топлина што излегува од земјата.
Верољуб и Зоран Тодоровиќ ја забележале оваа ретка глетка, а фотографиите ги објави Радио-телевизија Куршумлија на својот Фејсбук профил.
У нашим крајевима није запамћено да се у снегу појави змија. То се догодило у селу Игришту код Куршумлије, где је ових...
Posted by Radio televizija Kuršumlija on Monday, October 6, 2025
„Нека белината на снегот и оваа змија ни останат во сеќавањето како еден од оние моменти кога природата ни шепоти дека животот, дури и кога најмалку го очекуваме, некаде тивко дише“, пишува во објавата на гореспоменатиот медиум.
Народно верување
Појавата на змија во снегот, како исклучително редок настан, има посебно значење во народните преданија. Бидејќи змиите обично се кријат во текот на зимата, нивното појавување се смета за знак на среќа.
„Змијата отсекогаш се сметала за чувар на домот, па нејзиното пристигнување на толку необично место може да се протолкува како знак на заштита или среќа“, велат старите луѓе.
Додека модерната наука има свое биолошко објаснување за таквата глетка, народното верување внесува доза на мистика и симболика што го поврзува човекот со природата на подлабок начин.
Оваа глетка потсетува колку предците верувале во знаци од природата и барале во нив објаснување за светот околу нив.