Во Чешка не сакаат ни да слушнат: Синдикатите во „Škoda“ го отфрлија планот за замрзнување на платите

Точка

22/10/2026

15:07

930

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Škoda Auto“ остварува профит и има повисоки профитни маржи од одделни брендови во рамките на групацијата „Volkswagen“.

Синдикатот на вработените во чешката компанија „Škoda Auto“, која работи во рамките на германскиот автомобилски концерн „Volkswagen“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година, како и можноста за укинување на бонусите, пренесува „Reuters“.

Претседателот на синдикатот „OS KOVO“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите ниту укинување на бонусите, пренесе „Reuters“.


„Volkswagen“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ светот до 2030 година, соопшти претходно оваа недела работничкиот совет на концернот, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците.

Овие мерки се дел од пошироката стратегија на „Volkswagen“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување деловно преструктурирање во услови на засилени негативни влијанија врз автомобилската индустрија.


„Škoda“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи.

Компанијата остварувала профит и имала повисоки профитни маржи од одделни други брендови во рамките на групацијата „Volkswagen“.