Доналд Трамп откри зошто никогаш не пие алкохол: „Ја научив лекцијата поради брат ми“

Точка

06/10/2025

20:35

1.010

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп, за разлика од многу негови претходници е познат по тоа што никогаш во животот не консумирал алкохол. Тој еднаш откри дека зад неговата одлука се крие трагична семејна приказна.

Минатата година, во поткастот на Тео Вон „This Past Weekend“, водителот ја истакна неговата апстиненција. „Забележав дека не пиете ниту пушите на настани, нели? Никогаш не сте го направиле тоа?“ праша Вон. Претседателот потврди дека ова е вистина и објасни дека смртта на неговиот постар брат влијаела врз неговата одлука да се држи подалеку од сите опојни средства.

Трагичната судбина на братот Фред

„Не, никогаш не сум пиел“, одговори Трамп. „Имав прекрасен брат кој ме научи лекција“. Се работи за Фред Трамп помладиот, кој починал од срцев удар во 1981 година на само 42-годишна возраст, а чија борба со зависноста беше прикажана и во биографската драма „The Apprentice“ од 2024 година.

„Тој пушеше и пиеше, беше прекрасен човек и беше многу згоден“, продолжи Трамп. „Имаше проблем со алкохолот и пушеше многу, но јас им велам на луѓето: „Без дрога, без пиење, без цигари“. Тоа постојано им го кажувам на моите деца“.

Трамп објасни колку многу му се восхитувал на својот постар брат. „Тој беше доволно возрасен за да земам пример од него, а јас му се восхитував. Толку многу му се восхитував, имаше толку многу предности. Имаше изглед, имаше неверојатен карактер“.

Трамп призна дека борбата на неговиот брат со алкохолизмот длабоко го погодила, особено затоа што бил изненаден од тоа колку долго телото на Фред ги издржало последиците од зависноста. „Мислам дека тоа веројатно започнало на факултет, можеби во некое братство? Семејството почна да го забележува тоа, но работите не се подобрувале“, рече Трамп, додавајќи дека и покрај сè бил воодушевен од физичката издржливост на неговиот брат.

Theo and Donald Trump Talk About Addiction and Sobriety

Talking about addiction and sobriety with Donald Trump. https://bit.ly/theovonclips

Posted by Theo Von on Wednesday, August 21, 2024

Лекција за цел живот

Во поткастот, тој призна дека верува оти и самиот би станал зависник доколку некогаш почнал да пие.

Пропаѓањето на неговиот постар брат очигледно оставило длабока трага, за што зборувал и претходно. Според „Фокс њуз“, Трамп во 2018 година рекол: „Имав брат, Фред – прекрасен човек, најзгоден, со најдобар карактер, многу подобар од мојот. Но, тој имаше проблем, имаше проблем со алкохолот и ми велеше: „Немој да пиеш, немој да пиеш“.


„Имаше многу, многу тежок живот поради алкохолот. Беше силен човек, но тоа беше тешка, тешка работа низ која поминуваше. Поради Фред, решив дека никогаш нема да пијам“, истакнал Трамп тогаш.