[ВИДЕО] Серија од 2017 година е нова опсесија на „Netflix“, критичарите не престануваат да ја фалат: „Не можеш да престанеш да ја гледаш“

Точка

07/12/2025

15:33

1.968

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ носи вистинско уживање за љубителите на трилерите – „Mr. Mercedes“, серијата направена врз основа на трилогијата на Стивен Кинг за пензионираниот детектив Бил Хоџинс, ја следи приказната на лов на сериски убиец.

„Netflix“ на листата на криминалистички драми додал уште една напната серија која треба да ја гледаат сите љубители на овој жанр.

Ако сте љубители на детективските серии, тогаш ова е можност која не се пропушта затоа што може да се пофали со импресивни 91 отсто на „Rotten Tomatoes“ и одлични критики од гледачите, а актерската постава е навистина неверојатна.

„Mr. Mercedes“ премиерно била прикажана на тогашниот американски канал „Audience“ во 2017 година, а направена е врз основа на приказните на романите на Стивен Кинг.

За што станува збор во серијата?

Пензионираниот детектив Бил Хоџинс кој серискиот убиец го прогонува со писма и по пат на електронска пошта, се впушта во опасна и потенцијално криминална мисија за да ги заштити своите блиски и себеси.

„Netflix“ вака ја опишува серијата: „Пензиониран детектив го прогонува смртоносно злосторство кое не успеал да го реши, па тргнува во лов на немилосрден убиец којшто намерно со својот автомобил удира во многу луѓе“.


Што велат гледачите?

Откако била прикажана во 2017 година, гледачите на социјалните мрежи ја фалат како „серија која не може да престанеш да ја гледаш“.

На платформата „X“ еден корисник напишал: „Првата сезона од серијата е апсолутно брилијантна. Сите глумат одлично, особено Брендан Глисон и Хери Тредвеј“.

Други додале: „Брилијантна изведба на Брендан во серијата. Претходно немав слушнато за серијата, а сега не можам да престанам да ја гледам“.