[ФОТО] Русокосата со заводлив поглед повторно мами воздишки: „Каква убавица“

Точка

06/12/2025

13:16

892

Големина на фонт

а а а

Иако не е толку популаризирана како останатите убавици од нејзината област, едно не може да се негира – беше и остана нежна русокоса со заводлив поглед.

Манекенката Роузи Хантингтон Вајтли зрачи со специфична убавина каде и да се појави. Иако не е дел од популарната постава манекенки како што се Бела Хадид, Кендал Џенер, Хејли Бибер или Џиџи Хадид, таа привлекува внимание каде и да се појави.


Нејзините модни комбинации секогаш се прекрасни, но и примамливи за очите на набљудувачот и ретко кога отстапува од својата палета на нежни тонови.

Роузи неодамна позирала за компанијата „Mark & Spencer“ каде промовирала долна облека за жени. Фотографиите биле објавени на социјалните мрежи, а светот имал можност да ја види нејзината специфична убавина за која сите велат дека е неодолива.


Таа носела комплет од чипка во пастелно розова боја која ја истакнала нејзината витка фигура. Стајлингот го надополнила со брановидно стилизирана фризура и шминка во „nude“ тонови кои совршено се вклопиле во ова нејзино издание.

Не би требало да се изостави ниту нејзиниот нежен поглед којшто сите ги маѓепсал во текот на снимањето на модниот едиторијал, но и после тоа.

Ви се допаѓа ли?